Линкови за пристапност

Обама најавува ригорозна истрага


Скандалот за однесувањето на Тајната служба во Колумбија фрли сенка на посетата на претседателот

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека очекува „рогорозна“ истрага по наводите за несоодветно однесување на Тајната служба во Колумбија, предупредувајќи дека ќе биде „лут“ доколку се покаже дека тие се вистинити.

Скандалот фрли сенка на дипломатската работа на Обама на Самитот на државите од Јужна Америка во Картагена изминатиов викенд.

Американските претставници кажаа дека 11 лица од персоналот на Тајната служба, испратени во Колумбија пред посетата на претседателот Обама, биле испратени дома и ставени на административно отсуство додека чекаат на истрага по наводното непрофесионално однесување што инволвира проституција. Петмина од американскиот армиски персонал кои имале задача да помагаат на Тајната служба се изолирани во нивната касарна во Колумбија.

Наводното скандалозно однесување се случило пред пристигнувањето на Обама во Картагена во петокот, пред Самитот на јужноамериканските држави.

Обама рече дека инцидентот е изолиран настан и ја фалеше работата на Тајната служба во целина.

Во недела, водечки републиканец во Претставничкиот дом, Дарел Иса, кажа дека верува оти инцидентот во Колумбија веројатно не е единствен.

Главната грижа е што членови на Тајната служба кои непрофесионално се однесуваат се подобни за уцена со што безбедноста на претседателот и на други е доведена во прашање.

XS
SM
MD
LG