Линкови за пристапност

По скандалот отпуштени тројца од Тајната служба


Американската Тајна служба вели дека тројца од 11-те инволвирани вработени под истрага за наводното непрофесионално однесување со проститутки во Колумбија ја напуштаат агенцијата.

Помошник-директорот на агенцијата Пол Мориси вели дека тројцата што заминуваат вклучуваат еден „надреден“ вработен. Тој кажа дека истрагата по скандалот е се` уште во рана фаза.

Единаесет лица од персоналот на Тајната служба кои биле стационирани во Колумбија пред пристигнувањето на американскиот претседател Барак Обама за шестиот самит на јужноамериканските држави, биле испратени дома и ставени на административно отсуство додека се чека на резултат од истрагата. Официјални лица на Пентагон кажаа дека најмалку деветмина членови на армијата исто така може да биле инволвирани во наводното однесување.

Сенаторката Сузан Колинс, републиканка и член на Комисијата за владини и безбедносни прашања, вели дека најмалку 20 странски жени биле донесени во хотелот во Колумбија каде биле сместени членовите на Тајната служба, армиските лица и проститутките пред посетата на претседателот.

Тајната служба вели дека ниеден од инволвираниот персонал бил на задача да го штити Обама.

XS
SM
MD
LG