Линкови за пристапност

САД продаваат борбени авиони на Саудијците


САД продаваат борбени авиони на Саудијците
САД продаваат борбени авиони на Саудијците

САД велат дека ќе обезбедат борбени авиони за саудиското воздухопловство според нов договор во вредност од 29,4 милијарди долари.

Во соопштение од Белата куќа стои дека владите на САД и Саудиска Арабија потпишале договор САД да обезбедат авиони од типот Ф-15СА за Кралските саудиски воздухопловни сили.

Договорот вклучува производство на 84 нови авиони и модернизација на 70 постоечки авиони. Таму стои дека Боинг авионите се „меѓу најсофистицираните и најспособни авиони во светот“.

Белата куќа цитира индустриски експерти кои велат дека договорот за испраќање авиони ќе поддржи 50 илјади американски работни места, ќе употреби стотици фирми низ земјата и ќе има 3,5 милијарди влијание во приход годишно на американската економија.

Исто така се вели дека договорот „го засилува силниот и долгорочен однос“ меѓу двете држави и демонстрира американска определба за силна одбранбена способност на Саудиска Арабија како „клучна компонента на регионалната безбедност“.

XS
SM
MD
LG