Линкови за пристапност

Кој е Рик Санторум?


Кој е Рик Санторум?
Кој е Рик Санторум?

Поранешниот сенатор од Пенсилванија е последниот републиканец што се приклучи на трката за претседателска номинација од неговата партија следната година. Санторум е конзервативец без влакна на јазикот, кој се приклучи на се` позгуснатото поле на републикански натпреварувачи за 2012-та.

Рик Санторум се врати на местото од каде му се корените – западна Пенсилванија, за да соопшти официјално дека влегува во трката за претседател 2012-та:

„Подготвен сум да сторам се` што треба за следната генерација, со храброст да се борам за слобода, со храброст да се борам за Америка. Затоа објавувам денеска дека се кандидирам за претседател на САД. Приклучете се на борбата! Приклучете се на борбата!“

Санторум е против законот за здравствена заштита на претседателот Обама нарекувајќи го атак на слободата. Тој исто така го критикуваше претседателот што не бил доволно цврст спрема, како што ги нарекува, репресивните режими во Иран и Сирија.

Санторум има 53 години и служел два мандата во американскиот Сенат каде развил репутација на отворен социјален конзервативец кој е силен противник на абортус, брак на хомосексуалци и истражување на ембрионски матични клетки. Санторум беше поразен во обидот за трет мандат во Сенатот во 2006-та.

Санторум се надева да ги придобие социјалните и религиозните конзервативци во рамки на Републиканската партија. Тие сочинуваат значителен дел од републиканците кои гласаат во претседателските номинирачки кокуси и прелиминарни избори кои ќе ја одредат партиската претседателска номинација следната година.

Санторум се приклучува на се` позгуснатото републиканско поле, но останува на дното на последното истражување на јавно мислење кое ја сондира јачината на претседателските натпреварувачи.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни води на листата на повеќето национални истражувања. Тој формално ја соопшти својата кандидатура минатата недела.

Првите номинирачки гласања во Ајова и Њу Хемпшир нема да се одржат до рано следната година, но републиканските натпреварувачи сега соопштуваат влегување во трката зашто така ќе можат да соберат пари, да ги организираат кампањите во државите каде најрано се одржуваат соочувањата и да учествуваат во претседателските дебати што ќе се случат следната година.

XS
SM
MD
LG