Линкови за пристапност

Дедо Мраз не е секогаш бел


Во САД, симболот на Божиќ доаѓа во многу бои. Всушност нетрадиционалeн Дедо Мраз е – традиција.

Го викаат „Свети Никола“, „Крис Крингл“, „Отец Божиќ“, или едноставно – Санта.

Многумина доаѓаат во трговскиот центар Болдвин Хилс Креншо Плаза во Лос Анџелес, токму затоа што Дедо Мраз тука зборува на шпански.

За време на празничната сезона многу американски трговски центри уредуваат простор каде децата можат да го сретнат Дедо Мраз. Повеќето од оние кои се облекуваат во црвената облека за да ги поздрават децата, се бели. Но, директората Рејчел Ериксон вели дека Крис Крингл, кој зборува шпански бил дел од нивната мултикултурна божиќна програма повеќе од една деценија, зашто населението што живее во таа област е диверзитетно.

„Сакавме да обезбедиме нашите Дедо-мразовци да бидат претставници и одраз на нашите соседи“, вели таа.

Трговскиот центар Болдвин Хилс Креншо Плаза е лоциран меѓу јужно-американски и африканско-американски населби. Затоа центарот има двајца Дедо Мразовци, еден Африкански-Американец и друг Јужноамериканец.

Сеедно каква боја е неговата кожа и како зборува – за децата Дедо Мраз е најомилениот човек оваа празнична сезона.
XS
SM
MD
LG