Линкови за пристапност

Со употреба на радар, сателити па дури и борбени авиони, американската армија ќе го следи движењето на Дедо Мраз од Северниот Пол до домовите низ целиот свет.

Децата од целиот свет за Божиќ имаат големи очекувања, надевајќи се дека Дедо Мраз ќе им донесе подароци од нивната листа на желби.

Каде точно се наоѓа Дедо Мраз ноќта пред празникот, отсекогаш било мистерија, се` досега. Со употреба на радар, сателити па дури и борбени авиони, американската армија ќе го следи движењето на Дедо Мраз од Северниот Пол до домовите низ целиот свет.

Заинтересираните можат да ја добијат оваа информација, доколку ја посетат Интернет-страницата на Северно-американската воздушна команда за одбрана, позната и како НОРАД – Санта, или ако ја преземат апликацијата за НОРАД - Санта на „паметниот“ телефон.

XS
SM
MD
LG