Линкови за пристапност

Водство на Сандерс и Трамп воочи изборите во Њу Хемшир


Испитувањето на јавното мислење на Универзитетот Монмаут покажува дека Трамп има поддршка од 30 проценти од потенцијалните републикански гласачи

Испитувањето на јавното мислење на Универзитетот Монмаут покажува дека Трамп има поддршка од 30 проценти од потенцијалните републикански гласачи. Со 16 поени заостанува гувернерот од Охајо, Џон Касич, заедно со сенаторот од Флорида Марко Рубио, по што следат сенаторот од Тексас, Тед Круз и поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш.

Од демократска страна, анкетата покажува дека Сандерс со 10 поени води пред поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, што е за 4 поени помалку во споредба со минатиот месец.

Сандерс води во Њу Хемшир и заради тоа што е веднаш до неговата сојузна држава – Вермонт, но Клинтон вети дека нема да се откаже, во надеж дека ќе добие дополнителна поддршка, откако минатата недела обајцата кандидати имаа тесна трка во Ајова.

XS
SM
MD
LG