Линкови за пристапност

Самсунг го намали профитот за третиот квартал


Јужнокорејскиот телекомуникациски гигант ја намали проценката за заработка за 33,3 проценти или од околу 6,9 милијарди на 4,6 милијарди долари.

„Самсунг“ соопшти значително намалување на профитот за третиот квартал годинава, еден ден откако беше приморан да го прекине производството на „паметниот“ телефон „Галакси ноут 7“.

Јужнокорејскиот телекомуникациски гигант ја намали проценката за заработка за 33,3 проценти или од околу 6,9 милијарди на 4,6 милијарди долари. Воедно, во рок од два дена, вредноста на акциите на „Самсунг“ на светските берзи забележа пад од 9 проценти.

XS
SM
MD
LG