Линкови за пристапност

САД ставија вето на палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН


Дванаесет од 15-те членови на Советот гласаа за, додека Велика Британија и Швајцарија беа воздржани
Дванаесет од 15-те членови на Советот гласаа за, додека Велика Британија и Швајцарија беа воздржани

Палестинците не успеаја да поминат голема пречка во нивните обновени напори да бараат полноправно членство во Обединетите нации вчера, кога САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност со која се препорачува нивен прием.

„Останува ставот на САД дека најбрзиот пат кон државност за палестинскиот народ е преку директни преговори меѓу Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот заменик амбасадор во ОН Роберт Вуд.

Тој, исто така, изрази загриженост за нерешените прашања дали Палестинците ги исполнуваат критериумите за да се сметаат за држава.

„Долго ги повикувавме палестинските власти да ги преземат неопходните реформи за да помогне во воспоставувањето на атрибутите на подготвеност за државност и забележуваме дека Хамас – терористичка организација – моментално врши моќ и влијание во Газа, составен дел на државата предвидена во оваа резолуција“, рече тој.

Дванаесет од 15-те членови на Советот гласаа за, додека Велика Британија и Швајцарија беа воздржани.

Британскиот амбасадор ја потврди поддршката за решение со две држави за Израелците и Палестинците, велејќи дека на Палестинците им треба веродостоен и неповратен пат до држава.

„Ние веруваме дека таквото признавање на палестинската државност не треба да дојде на почеток на нов процес, но не мора да биде на самиот крај на процесот“, рече Барбара Вудворд. „Мора да започнеме со поправање на непосредната криза во Газа“.

Швајцарија рече дека палестинското членство треба да се разгледа во идната фаза кога ќе има мир.

Членството во ОН започнува во Советот за безбедност и ако Советот препорача прием, потоа оди на гласање на Генералното собрание од 193 члена.

На новата држава ѝ е потребно двотретинско мнозинство гласови за да добие прием.

XS
SM
MD
LG