Линкови за пристапност

САД и слободниот свет нема да дозволат Украина да не успее, изјави Остин


Контакт групата за одбрана на Украина обединува претставници од повеќе од 50 земји за да ги координираат нивните напори во Украина
Контакт групата за одбрана на Украина обединува претставници од повеќе од 50 земји за да ги координираат нивните напори во Украина

Секретарот за одбрана Лојд Остин вели дека САД остануваат решени да ѝ ги дадат на Украина ресурсите што ѝ се потребни за борба против руската агресија, иако американскиот Конгрес допрва треба да одобри ново финансирање за Украина.

„САД нема да дозволат Украина да не успее. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да не супее, а слободниот свет нема да дозволи Украина да не успее“, рече Остин на почетокот на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина овој месец во Германија.

Ова е прво меѓународно патување на Остин откако беше хоспитализиран на 1 јануари поради компликации од операцијата за лекување на рак на простата кон крајот на декември.

Контакт групата за одбрана на Украина обединува претставници од повеќе од 50 земји за да ги координираат нивните напори во Украина.

САД обезбедија околу 44 милијарди долари безбедносна помош за Украина од руската инвазија во февруари 2022 година, а сојузниците и партнерите посветија повеќе од 44 милијарди долари во таа временска рамка.

Но, на американската војска ѝснема средства одобрени од Конгресот за надополнување на резервите на оружје испратени во Украина, а раководството во Претставничкиот дом на САД, под контрола на републиканците, досега одбиваше да изнесе нова помош за Украина на гласање.

Минатата недела, САД ја објавија својата прва нова рунда воена помош за Украина од крајот на декември, во она што претставниците на одбраната го нарекоа „ад-хок“ пакет овозможен преку заштедите на американската армија во набавките.

Пакетот за воена помош се проценува на 300 милиони американски долари и ќе ѝ обезбеди на Украина непосредна воздушна одбрана, артилерија и противтенковски капацитети, заедно со повеќе муниција за ракетни фрлачи ХИМАРС и артилериски куршуми од 155 милиметри.

Но, официјалните лица велат дека не е јасно дали ќе има идни заштеди при набавки за да се произведе уште еден вонреден пакет помош.

XS
SM
MD
LG