Линкови за пристапност

Путин ја критикува истрагата за ФИФА


Путин: САД сакаат да спречат реизбор на претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Путин: САД сакаат да спречат реизбор на претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Рускиот претседател обвини дека САД се обидуваат да ја прошират јурисдикцијата врз други земји

Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше САД затоа што покренаа обвиненија за корупција против официјални лица на ФИФА и го окарактеризира случајот како обид да ја прошират јурисдикцијата врз други земји.

Путин кажа дека САД се обидуваат да спречат реизбор на претседателот на ФИФА Сеп Блатер. Гласањето е закажано за утре, а противкандидат на Блатер во неговиот обид да освои петти мандат е јорданскиот принц Али бин ал Хусеин.

Русија е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018-та.

Коментарот на Путин следат по слична порака од Министерството за надворешни работи на Русија, коешто оцени дека случајот е „нелегално екстериторијално наметнување на американски закон“.

Засега нема реакција од САД на руските коментари.

Начинот на којшто Русија ја доби организацијата на Светското првенство 2018-та е дел од швајцарската истрага по наводите за погрешно раководење и перење на пари во ФИФА.

XS
SM
MD
LG