Линкови за пристапност

Критики кон Русија за воената кампања во Сирија


ng in Moscow, Russia, Dec. 2, 2015.
ng in Moscow, Russia, Dec. 2, 2015.

Западните земји ја обвинија Русија за фокусирање на нападите во Сирија врз опозиционите борци како поддршка на претседателот Башар ал-Асад

Американските власти дополнително ја критикуваат руската воена кампања во Сирија, велејќи дека само 30 проценти од руските воздушни напади целат милитанти на Исламската држава.

Западните земји ја обвинија Русија за фокусирање на нападите во Сирија врз опозиционите борци како поддршка на нeјзиниот сојузник, претседателот Башар ал-Асад, обвинение што руските власти го демантираат.

Американскиот дипломатски претставник Брет МекГурк, којшто денеска во Багдад се сретна со американски и ирачки воени лица, изјави дека останатите 70 проценти од руските воздушни напади во Сирија погодиле групи на опозицијата.

Пентагон минатиот месец забележа дека руските напади се повеќе фокусирани на цели на Исламската држава по очигледната поврзаност на екстремистичка група во соборувањето на рускиот патнички авион во октомври.

Во меѓувреме, Русија за прв пат во вторникот употреби проектили од подморница во Медитеранот за напад на цели на Исламската држава во северниот дел на Сирија.

Рускиот министерот за одбрана, Сергеј Шоигу му пренесе на претседателот Владимир Путин дека крстосувачките ракети имале за цел две позиции близу сирискиот град Рака, кој е под контрола на екстремистите

XS
SM
MD
LG