Линкови за пристапност

Русија со дополнителни напади врз Сирија од Иран


Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападите врз милитантите на Исламската држава се користи воздухопловната база Хамедан.

Руски бомбардери веќе втор ден по ред изведуваа напади во Сирија од територија на Иран.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападите врз милитантите на Исламската држава се користи воздухопловната база Хамедан. Во првиот ден од акцијата во вторникот, освен Исламската држава, цел на нападите била и џихадистичката организација Џабхат Фата ал-Шам, претходно позната како Фронт ал-Нусра.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го отфрли ставот на портпаролот на Стејт департментот дека летовите може да влијаат на прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се забранува продажба или трансфер на воени авиони на Иран.

XS
SM
MD
LG