Линкови за пристапност

Зошто Путин преферира пошироки алијанси


Русија се чувствува поудобно во формати каде што не постои консензус

Проблемите во односите со Москва се очекува да се најдат високо на агендата на средбите на НАТО алијансата и на Групата 7 развиени земји (Г-7), каде што Русија не е членка.

Лидерите на НАТО се среќаваат на 25-ти мај во Брисел, а Г-7 ќе одржи средба во Сицилија, еден ден подоцна. Претседателот на САД Доналд Трамп, ќе присуствува и на двете средби. Не се очекува средба со рускиот претседател Владимир Путин, се до состанокот на Групата 20 (Г-20) закажан за 7-ми јули во Хамбург, Германија.

Иако Москва никогаш не побарала да стане членка на НАТО и често ја опишува Алијансата како нејзин непријател, руските лидери во текот на изминативе години се осврнуваа на идејата земјата еден ден да се приклучи на НАТО.

„Тоа беше само половично сериозно,“ вели Александар Баунов од Московскиот центар Карнеги, „..затоа што сите други членки на НАТО, дури и големите економски сили, во воен аспект се под американско раководство. Психолошки и практично тешко е да се замисли дека руските воени сили, Русија како воена сила, ќе биде само мал играч под команда на американските генерали“.

Кремљ го опишува проширувањето на НАТО на исток на како намера за опколување на Русија за можна агресија. За да се олесни недовербата и да се изгради соработката, со „Основачкиот акт НАТО-Русија“ од 1997 година беа воспоставени редовни средби меѓу двете страни преку Советот НАТО-Русија.

Русија беше суспендирана

По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014-та година, НАТО ја суспендираше соработка со Русија, но состаноците на Советот НАТО-Русија сè уште се одржуваат неколку пати годишно.

Групата 8 (Г-8), исто така ја суспендираше Русија, враќајќи го името на групата, во Г-7, како што беше во 1998-та година. Суспендирањето на Русија се случи на само два месеца пред државата да биде домаќин на Самитот на Г-8.

„Се разбира, тоа беше неуспех за руското раководство, бидејќи на долг рок тоа беше еден од главните приоритети на руската елита - да бидат прифатени како еднакви, како рамноправни членки на меѓународната елита“, вели Борис Кагарлитски, директор на Институтот на изучување на глобализацијата и социјалните движења.

Русија беше аутсајдер во Г-8

Средбите на Г-8 беа повеќе од симболичен карактер и немаа за цел да бидат дел од преговарачкиот процес за донесување на одлуки, велат аналитичарите, од причина што западно ориентираните либерални демократии обично постигнуваа консензус пред одржувањето на самитот.

„На средбите на Г-8, не постоеше можност Русија да создава сојузништва“, вели Баунов. „Тоа беше состанок на Г-7, на западната алијанса и Русија“. Освен САД, други членки на Г-7 се Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија.

На членство на Русија на Г-8 се гледаше како напредок во изборот на Борис Јелцин во спроведувањето на демократијата и пазарната економија, но тоа секогаш брзо избледи“, вели Баунов. „Речиси секоја година или на секои две години, имаше тема или теми кои им овозможуваа на западните медиуми, на политичарите, на јавното мислење, да го стават под знак прашање членството на Русија во Г-8, покажувајќи дека во основа државата не е демократија, и го поставуваа прашањето, што прави Русија во клубот“.

Стратегијата на Русија е во Г-20

Руски официјални лица во јануари изјавија дека Москва нема намера повторно да се приклучи на Г-7 и нејзин приоритет е Групата 20 (Г-20).

„Оваа земја се чувствува поудобно во формат на Г-20, каде не постои консензус и Москва не е последниот демократски член на клубот, како што беше случајот со Г-8“, вели Баунов. „Значи, не сте лошиот меѓу добрите ... Тука е Турција, Кина. И други се проблематични“.

Кагарлитски од Институтот на изучување на глобализацијата и социјалните движења, додава дека Кремљ има проблем со поставувањето на целите и задачите.

„Главниот проблем е во тоа што Русија ќе стори во рамките на овие структури. Отсекогаш тоа беше најголемиот неуспех на руската дипломатија, бидејќи тие немаа стратегија, немаа листа на приоритети. Во таа смисла, тие заостануваа, да речеме Бразил, Индија или Кина, па дури и Јужна Африка“.

Состанокот Трамп-Путин

Аналитичарите велат дека малку се очекува и од состанокот на Трамп и Путин на самитот на Г-20 во јули.

„Се разбира, во еден момент имаше огромна илузија меѓу руската елита, затоа што мислеа дека Трамп целосно ќе ги промени односите меѓу Русија и Западот“ вели Кагарлитски. „Тоа не се случи и тоа нема да се случи“.

Според аналитичарите, истрагите коишто се водат за врските на администрацијата на Трамп со Русија, придонеле да биде многу потешко за претседателот на САД да преговара со Путин. Тој не е слободен да понуди нешто без да биде обвинет за тоа", вели Баунов. „Само така може да се воспостават, вистински, лични односи“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG