Линкови за пристапност

Навални ги порекна официјалните тврдења дека протестите во неделата попладне биле илегални, а неговиот адвокат најави жалба по пресудата.

Судот во Русија на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални му изрече 15-дневна казна затвор и 20.000 рубљи (околу 350 долари), за организирање на, како што го нарекоа властите, илегален, масовен протест во Москва.

Навални се појави пред суд само еден ден откако тој и стотици други демонстранти беа уапсени за време на демонстрации против корупција. Кремљ протестите да ги нарече „провокација“ за предизвикување на насилство и да ги обвини организаторите за плаќање на млади луѓе да присуствуваат на собирите.

Навални ги порекна официјалните тврдења дека протестите во неделата попладне биле илегални, а неговиот адвокат најави жалба по пресудата.

Десетици илјади Руси демонстрираа во преку 80 градови низ земјата во знак на поддршка, откако Навални повика на одговорност на руската елита. Демонстрациите се одржаа на 17-та годишнина откако Владимир Путин за прв пат беше избран за претседател.

ОВД-инфо, организација која ја следи руската политичка репресија, на својата веб-страница објави дека само во демонстрациите во Москва биле уапсени повеќе од 1.000 лица.

Оваа бројка не е потврдена од независни извори. Државната новинска агенција ТАСС ја цитираше полицијата која наведе дека уапсени се околу 500 лица, вклучувајќи го и Навални.

Тој бил уапсен кога се движел од метро станица за да се приклучи на собирот на плоштадoт Пушкин во Москва. Според извештаите од местото на настанот, полицијата го ставила во комбе кое подоцна било опкружено со стотици демонстранти. Толпата на кратко се обидела да го блокира возилото, извикувајќи „Срамота!“ и „Ослободете го“.

Вашингтон остро го осуди притворањето на демонстрантите, и на Навални.

„Притворање на мирни демонстранти, набљудувачи за човекови права, како и на новинари, е навреда за основните демократски вредности“, кажа во соопштение вршителот на должноста портпарол на Стејт департментот, Марк Тонер.

Тој рече дека САД се загрижени за апсењето на Навални, кој најави планови да се кандидира за претседател на изборите во 2018-та година.

Протестите се најголемo координиранo искажување на незадоволство од масовните демонстрации по измамата на парламентарните избори во 2011-2012-та година, наваму.

Навални, кој е критичар на Кремљ, повика на демонстрации откако неговата Фондација за борба против корупцијата претходно месецов објави детален извештај во кој го обвини премиерот Дмитри Медведев за поседување куќи, јахти и лозја преку сомнителната мрежа на невладини организации.

На официјалните руски медиуми демонстрациите беа многу малку покриени. Во краток извештај на ТАСС стои дека еден полицаец бил повреден за време на „неавторизираниот“ собир во Москва.

Навални на својата веб-страница кажа дека 99 руски градови планирале протести, но дека во 72 града локалните власти не дале дозвола.

Навални последниве недели имаше обраќање пред приврзаници во поголемите руски градови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG