Линкови за пристапност

Русија затвори три ресторани на Мекдоналдс


Еден од затворените ресторани на Мекдоналдс во Москва
Еден од затворените ресторани на Мекдоналдс во Москва

Наводно ги прекршиле санитарните правила

Руската агенција за безбедност на храната врши инспекција на сите ресторани на Мекдоналдс во земјата, откако вчера затвори три на популарни локации во Москва.

Руските здравствени власти наведуваат дека разгледуваат евентуално прекршување на санитарните правила во голем број ресторани на Мекдоналдс. Компанијата има 438 ресторани во Русија.

Критичарите на потегот сметаат дека владата со ова се одмаздува за економските санкции на Западот против Русија, воведени како резултат на руската вмешаност во судирот во Украина. САД и Европската унија воведоа санкции против руските банки и индустрии, а Русија возврати со забрана на увоз на храна.

Меѓу вчера затворените ресторани е и познатиот на московскиот Плоштад Пушкин, отворен во 1990-та, во последните денови на Советскиот Сојуз. Тој стана симбол на руското постепено прифаќање на западниот капитализам.

Мекдоналдс соопшти дека внимателно ја истражува ситуацијата за да утврди што е потребно за повторно отворање на рестораните.

XS
SM
MD
LG