Линкови за пристапност

Обвинителството поднесе обвинение за примање поткуп против Алексеј Улјукајев и бара домашен притвор

Адвокатот на министерот Улјукајев рече дека тој ги отфрла обвиненијата.

Дел од аналитичарите се сомневаат дека обвиненијата се политички мотивирани и велат дека апсењето на Улјукајев ја отсликува внатрешната битка во Кремљ помеѓу оние кои се ЗА и Против државната контрола од страна на руската економија.

Според Истражниот комитет на Русија, Улјукајев бил уапсен синоќа во акција од Федералната безбедносна служба на Русија.

Истражниот комитет тврди дека Улјукајев примил поткуп од 2 милиони долари од државната нафтена компанија Роснефт, за да даде позитивна оценка за контроверзниот договор со кој компанијата Роснефт требало да купи 50 проценти од акциите во државната нафтена компанија Башњефт.

Обвинителите тврдат дека Улјукајев се заканувал дека ќе го попречи склучувањето на договорот, ако не му била исплатена сумата.

Руската национална телевизија го окарактеризира апсењето на министерот за економија како дел од борбата на претседателот Владимир Путин против корупцијата во земјата.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG