Линкови за пристапност

Уапсени шест лица во врска со нападот во Русија


Властите во Санкт Петерсбург уапсиле шест лица од Централна Азија, осомничени за помагање на терористичка активност, два дена по смртоносниот напад во метро-станица во центарот на градот, соопшти Руската истражувачка комисија.

Уапсените се обвинуваат за регрутирање на други лица од централно-азиските републики да се приклучат на Исламската држава и други екстремистички организации уште од 2015-та година. Комисијата издаде соопштение во кое вели дека во моментов нема докази оти уапсените се директно поврзани со нападот во кој загинаа 14 лица, а беа повредени 50-тина други.

Претходно, руските власти го идентификуваа 22-годишниот Акбарзон Џалилов, роден во Киргистан, како бомбаш-самоубиец во нападот во понеделникот.

Светските лидери од Кина до Европа и Бразил, изразија сочувство за жртвите. Претседателот Доналд Трамп имаше телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин и понуди целосна поддршка, како одговор на нападот.

Истрагата продолжува, а ова е прв ваков напад во вториот по големина град во Русија. Последен пат, напад во метро страница имаше во Москва во 2010-та година. Беше изведен од жена-самоубиец поврзана со исламистичките бунтовници во Чеченија, при што загинаа најмалку 33 лица. Претходно, во напад поврзан со чеченските терористи, исто така во метро-станица во 2004-та, загинаа речиси 50 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG