Линкови за пристапност

Русија вели дека може да ги намали односите со САД доколку ѝ се запленуваат средства


Групата на држави Г7 сака да користи речиси 300 милијарди долари руски финансиски средства замрзнати со санкции од 2022 година, за да помогне во поддршката на Украина, која сега е во својата трета година од борбата против руската инвазија
Групата на држави Г7 сака да користи речиси 300 милијарди долари руски финансиски средства замрзнати со санкции од 2022 година, за да помогне во поддршката на Украина, која сега е во својата трета година од борбата против руската инвазија

Русија размислува да го намали нивото на нејзините дипломатски односи со САД доколку западните влади продолжат со предлозите за конфискација на нејзините замрзнати средства, изјави денес заменик- министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесе државната новинска агенција РИА.

Групата на држави Г7 сака да користи речиси 300 милијарди долари руски финансиски средства замрзнати со санкции од 2022 година, за да помогне во поддршката на Украина, која сега е во својата трета година од борбата против руската инвазија.

Како тоа би се направило останува многу сложено, со оглед на тоа што би поставило контроверзен преседан.

Рјабков рече дека Москва ќе возврати економски и политички ако имотот биде запленет.

„Намалувањето на нивото на дипломатските односи е, се разбира, една од опциите. Многу високи претставници во нашата влада веќе зборуваа за прашањата за нашиот финансиски, економски и материјален одговор на овој чекор (конфискација), за што ги предупредуваме нашите противниците, како и досега, да не го прават“, ја цитира РИА неговата изјава.

„Сега ја проучуваме оптималната форма на реакција, каде што контрамерките вклучуваат акции против средствата на нашите западни противници, како и мерки за дипломатски одговор“.

Тој не наведе што може да предизвика намалувањето на нивото на дипломатските односи.

Кремљ ја окарактеризира сегашната состојба на врските со САД „под нула“, иако не се случи формално влошување на односите од почетокот на војната во Украина.

Американскaта секретарка за финансии Џенет Јелен денес рече дека целосната заплена на руски имот е оправдана, но е само една можност, при што средствата можат да послужат за задолжување на пазарот за да ѝ се помогне на Украина.

„Тоа е опција за која се разговараше. Лидерите побараа од нас да им дадеме низа опции“, рече Јелен во интервју за Ројтерс, на прашањето дали водечката опција ја повлекува каматата на тие средства за издавање обврзници или заеми за Украина.

XS
SM
MD
LG