Линкови за пристапност

Русија бара можност да го зајакне своето влијание на Блискиот Исток


Неколку дена откако милитантите на Хамас ги започнаа своите напади врз Израел, генералниот секретар на Арапската лига беше примен во Москва од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој го повтори рускиот рецепт за траен мир меѓу Израелците и Палестинците.

“Има само едно решение за палестинскиот проблем, усвоено во Обединетите нации. Две држави: Израел и Палестина“, рече Сергеј Лавров министерот за надворешни работи на Русија.

Русија долго време се обидува да постигне деликатна рамнотежа во односите со Израел и со палестинските лидери на Западниот Брег и Појасот Газа.

Тоа ги вклучува лидерите на Хамас поддржан од Иран, кого рускиот министер за надворешни работи го прими во Москва во септември 2022 година, знаејќи дека тоа ќе ги заостри односите со Израелците.

Русија води разговори со арапските лидери по кризата со Израел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Прекинувајќи го молкот на Русија за последното избивање на борби меѓу Израел и Хамас, претседателот Владимир Путин не ја пропушти можноста да го обвини Вашингтон за сегашното крвопролевање.

“Ова е јасен пример за неуспехот на политиката на САД на Блискиот Исток, кои се обидоа да го монополизираат решението, но, за жал, не се грижеа да најдат компромиси прифатливи за двете страни”, рече Владимир Путин.

Американските власти допрва треба да ги коментираат забелешките на Путин.

Надвор од критиките кон САД, набљудувачите велат дека Русија бара можности да го зајакне своето влијание на Блискиот Исток.

“Русија има многу повеќе воспоставени врски со Израел. Мислам, да не заборавиме на природата на ставот на Израел за војната во Украина, кој исто така предизвика еден вид многу критики на Запад. Од друга страна, Русија има долгогодишен пристап и односи со Хамас, но мислам дека ова е повеќе заложба за погодност, а не заложба на партнерството”, вели Галип Далеј од Чатам Хаус.

Но, токму Иран - голем поддржувач на Хамас и Хезболах во Либан и еден од приоритетните партнери на Москва - е најпроблематичниот фактор за Кремљ.

“Вклучувањето на Русија всушност значи дека конфликтот на Блискиот Исток е под закана од ескалација во Трета светска војна со безброј последици. Во таква ситуација, Москва сигурно нема да преземе таков ризик. Иран презема многу висок ризик. Мислам дека тоа е едно од сценаријата што треба да се размисли во случај Хезболах, т.е. воениот застапник на Иран да се вклучи во офанзива на Северот”, вели Аркадиј Дубнов, политички аналитичар.

Бидејќи Москва е заглавена во нејзината инвазија на Украина, новите непријателства на Блискиот Исток носат нови прашања не само за Кремљ, туку и за глобалните мировни перспективи.

XS
SM
MD
LG