Линкови за пристапност

Рударски компании во потрага по „потонато“ богатство од минерали во Тихиот океан


Еколошките здруженија бараат мораториум за ископување на океанското дно, заедно со повеќе од 20 национални влади и повеќе од 30 големи компании
Еколошките здруженија бараат мораториум за ископување на океанското дно, заедно со повеќе од 20 национални влади и повеќе од 30 големи компании

Илјадници метри под Тихиот Океан лежат огромни наоѓалишта на метали потребни за премин кон обновлива енергија. Рударските компании се подготвени да го соберат ова потонато богатство но, не како тоа ќе влијае врз екосистемот на океанот. Анализа на Стив Барагона.

Овие црни карпи се полни со некои од најважните минерали во светот денес, вклучувајќи кобалт, манган и никел.

Канадската компанија Металс ископува на морско дно на околу пет илјади метри. Компанијата има пристап до околу 1,6 милијарди тони минерали, според извршниот директор Џерард Барон.

Рударско богатство лежи на дното на Тихиот океан
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

„Тоа е доволно за да може да се направат 280 милиони батерии за електрични возила со средна големина. Значи, доволно за да се опреми целата американска патничка флота“, вели Џерард Барон извршен директор на „Металс“.

Фокусот треба да биде на тоа каде можеме да добиеме залихи од овие метали, но и како најлесно да се стигне до тоа.
Џерард Барон, извршен директор на „Металс“

Како што светот се оддалечува од фосилните горива, побарувачката за метали се зголемува. За исполнување на глобалните климатски цели ќе бидат потребни приближно 20 пати повеќе никел и кобалт до 2040-та година отколку што се користат сега.

„Фокусот треба да биде на тоа каде можеме да добиеме залихи од овие метали, но и како најлесно да се стигне до тоа“, додава Барон.
Проценките велат дека има повеќе од овие метали на морското дно отколку во сите резерви на копно.

Барон вели дека тие доаѓаат без учество на човечка експлоатација како што е ископувањето на кобалт во најголемиот производител Конго; или како што е уништувањето на прашумите во Индонезија.

Но, ќе има еколошки последици. Длабокото морско дно е едно од најекстремните средини во светот, но не е безживотно.

„Таму е исклучително студено, темно, има голем притисок на 5.000 метри длабочина и многу мала достапност на храна... “, укажува Адријан Гловер, кој го води тимот во Природонаучниот музеј во Лондон кој го проучува животот во океанот.

Гловер вели дека повеќето од живите суштества лесно се занемаруваат:

„Доаѓате на морското дно и, да бидам искрен, изгледа дека таму нема многу живот. Гледате кал но доколку погледнете во микроскоп, ќе откриете дека има доста биодиверзитет“.

Доаѓате на морското дно и, изгледа дека таму нема многу живот... Но доколку погледнете во микроскоп, ќе откриете дека има доста биодиверзитет
Адријан Гловер, Природонаучниот музеј во Лондон

Тимот на Гловер неодамна идентификуваше повеќе од 5.000 досега неоткриени видови организми. Како сите тие се вклопуваат во океанскиот екосистем е непознато. Исто така, непознато е како бучавата, светлината и калта од рударските операции би влијаеле на животот во океаните.

Меѓународната управа за морското дно работи на регулативи за оваа нова индустрија.

„Слично како во рибарството, се обидувате да откриете кои области ги заштитувате и кои области ги дозволувате“, вели Гловер.

Во меѓувреме, еколошките здруженија бараат мораториум, заедно со повеќе од 20 национални влади и повеќе од 30 големи компании.

Но, компанијата Металс вели дека планира да поднесе барање за ископување кон крајот на следната година, со што ќе ја врати контроверзноста околу ископувањето на морското дно.

XS
SM
MD
LG