Линкови за пристапност

Бриџис: САД повторно расно поделени


Вака денес мисли девојчето што пред 54 години влезе во историјата со фотографијата на којашто во придружба на полицајци оди на училиште

Фотографијата на едно шестгодишно девојче, коешто во придружба на полицајци оди на училиште, е врежана во сеќавањето на многумина Американци.

Руби Бриџис сега има 60 години и денес Основното училиште Вилијам Франц во Њу Орлеанс, каде таа ја започна десегрегацијата, откри нејзина биста, 54 години откако по прпвпат влезе во него.

Бриџис во интервју за Асошиетед прес кажа дека САД денес многу личат на светот што таа помогна да се сруши, нацијата со сегрегација во улилиштата и расна напнатост. “Речиси чувствувате како да сте повторно во 60-те“, вели Бриџис, наведувајќи ја напнатоста во градот Фергусон, сојузната држава Мисури по убиството на невооружен тинејџер-црнец од страна на полицаец-белец, потоа скандалот со расистичи коментари на белци - сопственици на клубови во НБА, лигата каде играчите се претежно црнци, како и неуспехот на многу училишта во земјата да станат расно мешани.

На церемонијата во училиштето, Бриџис ќе се сретне со својот учител - белец и со единствениот преживеан од полицајците коишто ја придружуваа во училиштето. На настанот ќе присуствува и мајката на Бриџис, која не попушти во намерата да ја испрати ќерката во училиште во коешто сите ученици дотогаш беа белци.

XS
SM
MD
LG