Линкови за пристапност

Ромни ја осигура републиканската номинација


Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни го врти своето внимание кон ноемвриските општи избори – и кон американскиот претседател Барак Обама – откако ефективно ја обезбеди партиската номинација со победите во пет сојузни држави во вторникот на прелиминарни избори.

Ромни лесно победи во североисточните држави Конетикат, Делавер, Род Ајленд, Пенсилванија и Њујорк. Во победничкиот говор Ромни им кажа на поддржувачите дека Обама не успеал да ја обнови националната економија, што страда од хронична висока невработеност од 2008-ма наваму кога светот го погоди рецесија. Ромни објави дека „Подобра Америка почнува вечерва“.

Поранешниот гувернер на Масачусетс ја освои републиканската номинација по долга сезона на прелиминарни избори. Патот на Ромни до номинацијата беше отворен кога неговиот најсилен ривал, поранешниот американски сенатор Рик Санторум, отпадна од трката пред две недели.

Обама, демократ, не се соочува со предизвикувач за номинација од неговата партија.

Претседателот во вторник започнува дводневна турнеја по кампуси на колеџи во Северна Каролина, Колорадо и Ајова, залагајќи се за поголема пристапност на високото образование.

Ромни, кој го поставува прашањето што направил претседателот за младите откако дошол на функција, исто така дава поддршка на продолжување на важењето на законот со кој каматните стапки на заемите за образование ќе останат непроменети.

XS
SM
MD
LG