Линкови за пристапност

Ромни победи во Аризона и во Мичиген


Ромни победи во Аризона и во Мичиген

Ромни победи во Аризона и во Мичиген

Претседателскиот кандидат од Републиканската партија Мит Ромни лесно победи во Аризона и извлече тешка победа на прелиминарните избори во неговата родна држава Мичиген.

Ромни им се заблагодари на поддржувачите во вторник вечерта за, како што рече, „големата победа„ во двете држави.

Тој ја критикуваше политиката на претседателот Барак Обама во исто време ветувајќи дека ќе креира работни места, дека ќе ја врати економијата на вистинска патека, ќе го намали долгот и големината на владата.

Ромни жестоко се бореше во Мичиген да го порази главниот ривал Рик Санторум, кој се крена во анкетите и победи порано месецов во Колорадо, Минесота и Мисури. Двајцата беа практично изедначени во истражувањата на јавно мислење непосредно пред натпреварот во вторникот.

Ромни некогаш имаше голема предност во Мичиген, државата каде е роден и каде неговиот татко бил популарен гувернер. Тој ги доби прелиминарните избори на Републиканската партија во 2008.

Санторум им се заблагодари на поддржувачите во вторникот навечер, велајќи дека му помогнале да се крене во првите редови на номинирачкиот натпревар.

Тој исто така ја критикуваше политиката на претседателот Обама и зборуваше за економијата, за намалување на федералните трошоци и намалување на зависноста од странска нафта.

Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс, има тешкотии во добивање на поддршка од социјалните конзервативци, кои го поддржуваат Санторум.

Тексашкиот член на Претставничкиот дом Рон Пол и поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич се далеку назад. Гингрич ги сврте своите кампањски напори кон јужната држава Џорџа чиј претставник беше две децении, а Пол имаше вечерна средба со жителите на источната држава Вирџинија.

Следниот голем настан е таканеречениот „супер вторник“ следната недела кога за републиканските кандидати ќе се гласа во десет американски сојузни држави.

XS
SM
MD
LG