Линкови за пристапност

Родман планира настан во Северна Кореја


Поранешната кошаркарска ѕвезда вели дека бил поканет од Ким Џонг Ун да донесе играчи за егзибиционистички натпревари следната година.

Екстравагантниот поранешен кошаркар и ѕвезда на НБА Денис Родман вели дека бил поканет да донесе тим поранешни кошаркари во Северна Кореја за егзибиционистички игри следната година.

На прес конференција чиј домаќин беше сервис за наддавање на интернет, Педи Пауер, Родман кажа дека се надева оти кошаркарската дипломатија ќе помогне да се надмине поделбата меѓу Пјонгјанг и САД.

Деталите на настанот не беа дадени и не се знае дали други поранешни играчи на НБА ќе се согласат да учествуваат.

За време на прес конференцијата во Њујорк, Родман одби да одговори на прашања за Американецот Кенет Бае, кој е во севернокорејски затвор и наводно е болен.

Тој минатата недела отпатува за Северна Кореја во посета на Ким Џонг Ун, кого тој го опишува како пријател.
XS
SM
MD
LG