Линкови за пристапност

Роудс: Го поддржуваме процесот во ОН


Американскиот заменик-советник за национална безбедност зборуваше во Центарот за странски новинари

„Не сметаме дека САД треба да го решат ова прашање, но ќе продолжиме да го поддржуваме процесот во ОН и назначениот посредник кој работи со двете земји“. Вака на синоќешниот брифинг за странски новинари коментираше Бен Роудс, американски заменик-советник за национална безбедност, задолжен за стратешки комуникации, на прашање дали владата на претседателот Барак Обама ќе има поактивна улога во разрешување на спорот околу името меѓу Грција и Македонија.

„Конечно, целта треба да биде продолжување на евроатлантската интеграција и поблиски врски ширум Југоисточна Европа. Веруваме дека најдобро е процесот да се води во ОН, затоа што имаат експертиза, искуство, меѓународен легитимитет да работат на ова прашање. Нашиот пристап ќе биде поддршка на посредникот во ОН, со крајна цел - продолжување на евроатланската интеграција“, рече Роудс на брифингот посветен на надворешнополитичките приоритети на американската влада за оваа година.
XS
SM
MD
LG