Линкови за пристапност

Роботско чистење на болниците


Има цена, но според експертите, вреди да се инвестира.

Болниците можe да се рај за бројни опасни бактерии отпорни на антибиотици, вклучувајќи ја стафилокока ауреус или МРСА отпорна на метицилин. Микроорганизмите можно е да преживеат на тврда површина долго време откако инфицираниот пациент е пуштен на домашно лекување.

Традиционално е рачно чистење на болничките соби пред да биде примен нов пациент. Користењето на анти-бактериски средства не е гаранција дека ќе бидат елиминирани сите бактерии, вели Триш Перл, професор по медицина на Универзитетот Џонс Хопкингс во Балтимор, сојузната држава Мериленд.

„Се работи за мошне комплицирани површини со опрема, детали и тешко достапни делови. На одговорниот персонал му е даден мошне кус период да ги исчисти просториите и физички е невозможно се` да биде беспрекорно чисто“.

Токму затоа тим научници предводени од Перл извеле темелна студија со цел да воочат дали може да се намали ризикот од пренесување на организмите отпорни на антибиотици. Потоа ги споредиле традиционалните методи за дезинфекција на стандардното чистење со додавање роботи за дезинфекција.

Перл вели дека подвижната направа наликува на роботот Р2Д2 во серијата „Ѕвездени патеки“.

Горниот дел или главата ја врти за 360 степени. Од специјалната прскалка излегува хидроген пероксид, моќен анти-бактериски агенс. Тој е токсичен за луѓето, заради што во просторијата веднаш потоа се внесува втор робот кој прска друг раствор разградувајќи го тој хидроген на обична вода и молекули на кислород, вели Перл.

„Важно е што притоа не се оштетени површините во болниците, вклучувајќи ја и опремата, комјутерите“, додава овој експерт.

Научниците од Универзитетот студијата ја спровеле врз 6,300 пациенти кои престојувале во 180 приватни болнички простории во последниве 2,5 години. Половина од просториите биле дезинфицирани само рачно, додека во другата половина биле употребени роботските чистачи.

Резултатите биле далеку во полза на роботскиот начин на санитација.

Но, тоа е скапо. Двојните роботски машини се во вредност од 40.000 долари. Во меѓувреме научниците се надеваат дека нивниот производител, компанијата „Биоквел“, ќе успее да ја намали цената за тие да бидат пристапни и за болниците во земјите во развој.
XS
SM
MD
LG