Линкови за пристапност

САД велат дека непотпишшувањето на договорот ќе значи повлекување на сите трупи по 2014-та

Советничката за национална безбедност на САД Сузан Рајс на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му кажа дека САД ќе ги повлечат сите трупи од неговата држава по 2014 доколку наскоро не го потпише договорот.

За време на средбата во Кабул, Карзаи на Рајс и` кажал дека нема да попушти и дека потпишувањето ќе го остави на неговиот наследник.

Наместо тоа, Карзаи поставиl нови услови, вклучувајќи натамошно уверување дека американските трупи нема да влегуваат во авганистански домови и дека Вашингтон ќе помогне да се се рестартираат прекинатите преговори со Талибан. Тој исто така сака Вашингтон да се обврзе на одржување слободни и транспарентни избори во Авганистан на 5-ти април.

Средбата дојде во време кога Рајс беше во посета на американските трупи на нејзиното прво патување во странство откако е на функцијата.
XS
SM
MD
LG