Линкови за пристапност

САД трошат помалку на биомедицински истражувања


Нова студија покажа драматично зголемување на вложувањата во вакви истражувања кај Кина и Јапонија.

Американските трошоци на биомедицински истражувања се намалиле и сега претставуваат помалку од една половина од таквите трошоци во светот. Журналот за медицина на Нова Англија вели дека трошоците за истражувања во Кина и Јапонија драматично се зголемиле за последните пет години, но тие држави се` уште трошат околу половина од тоа што го трошат САД.

САД финансирале 51 процент од биомедицинските истражувања во светот во 2007, но до 2012 нивниот удел паднал на 45 проценти. Медицинските истражувачи и економисти кои ја подготвиле новата анализа велат дека азиското учество во трошоците се зголемиле за една третина за истиот период, од 18 на 24 проценти, при што европската инвестиција во медицинско истражување останало стабилно на 29 проценти.

Анализата вели дека намалувањето на американските трошоци за истражување примарно се должи на намалени инвестиции од приватната индустрија, иако владините институции како Националните институти за здравје исто така имаат редуцирани ресурси.

Студијата кажа дека насочувањето на Азија кон биомедицинско истражување, вклучувајќи клинички тестирања на нови лекови може да се должи на помалата цена на работната сила и помалку регулатива од владите.
XS
SM
MD
LG