Линкови за пристапност

Гингрич се приклучува на републиканските претседателски кандидати


Гингрич се приклучува на републиканските претседателски кандидати
Гингрич се приклучува на републиканските претседателски кандидати

Поранешниот спикер на американскиот Претставнички дом Њут Гингрич официјално неделава влегува во претседателската трка 2012-та. Гингрич ќе ги објави своите планови преку социјалните медиуми Фејсбук и Твитер, со што натпреварот за претседателска номинација од Републиканската партија се загрева.

Њут Гингрич стана проминентен на националната сцена во 1990-те кога ги поведе Републиканците во освојување на Конгресот, по што во 1994-та Републиканците добија контрола во двата дома за прв пат по 40 години.

Гингрич стана спикер на Претставничкиот дом и стана главен републикански противник за претседателот Бил Клинтон, иако напати двајцата најдоа доволно заедниичка основа да работат заедно на прашања како реформа на социјалната заштита.

Даде оставка на функцијата во 1999 и оттогаш пишуваше книги и зборуваше за конзервативните ставови особено во надворешната политика.

Гингрич останува поларизирачка фигура меѓу конзервативците, а социјалните активисти имаат резерва спрема него откако тој објави вонбрачна афера и поради неговите два пропаднати бракови.

Се` уште нема јасен лидер во трката за кандидатура од републиканска страна. Скромна предност има Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс.

Други од полето на Републиканците кои презедоа чекори за кандидирање се Тим Поленти, поранешен гувернер на Минесота, поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум, поранешен гувернер на Ново Мексико Гери Џонсон, конгресменот од Тексас Рон Пол, и бизнисменот од Џорџа Херман Кеин, единствениот африкански американец кој до сега покажал интерес.

Постои и друга група за која се вели дека се` уште се мисли дали да влезе во трката во која се гувернерот на Индијана Мич Даниелс, конгресменката од Минесота Мишел Бакман и поранешниот гувернер од Јута Џон Хантсман, кој неодамна служеше како американски амбасадор во Кина назначен од претседателот Обама. Како дополнение на нив, бизнисменот Доналд Трамп вели дека ќе реши дали да влезе во трката следниот месец.

XS
SM
MD
LG