Линкови за пристапност

Бегалци на грчко-македонска граница: Заглавени, гладни и лути


Застојот е предизвикан заради одлуката на некои европски држави да го ограничат движењето на мигрантите

Голем број гладни и лути мигранти се заглавени во импровизирани кампови само на неколку метри од Македонија, на грчката страна на границата.

Најбројни се мигрантите од Сирија но, има и од Ирак и Северна Африка. Причина за застојот во Грција е одлуката на некои земји да го лимитираат слободното движење на мигрантите низ Европа.

Засега, нема знаци дека македеонската влада ќе ги отвори границите.

После средбата во четвртокот со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Атина, грчкиот премиер повика да се постават санкции за земјите членки на Европската унија кои не сакаат да примат бегалци во својата земја.

XS
SM
MD
LG