Линкови за пристапност

Рикер: На Македонија и` се потребни фер и демократски избори

  • Соња Трајковска

Рикер: На Македонија и` се потребни фер и демократски избори

Рикер: На Македонија и` се потребни фер и демократски избори

Амбасадорот на САД во Македонија изрази верба дека Македонија е способна за добро изведени избори

„Се надевам дека Македонија ќе има фер и демократски избори. Веруваме дека сте способни за тоа и ќе ги очекуваме резултатите“, изјави амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, на новинарско прашање што очекува од предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни.

Партиите од македонскиот блок в петок ќе потпишат декларација за фер и демократски избори. Според амбасадорот Рикер на Македонија и` се потребни фер и демократски избори. Тој не сакаше да ги коментира аферите за партиски притисоци врз гласачите, во моменти кога официјалната изборна кампања воопшти и не е започната.

„Немам намера да се мешам во вашите избори. Ова се избори на Македонија. Се надевам дека граѓаните ќе го искористат своето право на глас и дека ќе учествуваат на изборите како што тоа се случува во демократиите ширум светот“, рече амбасадорот Рикер.

XS
SM
MD
LG