Линкови за пристапност

Европа ја поздрави смртта на бин Ладен


Европа ја поздрави смртта на бин Ладен
Европа ја поздрави смртта на бин Ладен

Европските лидери и стручњаци ја поздравија веста за смртта на Осама бин Ладен, но предупредуваат дека заканата е далеку од исчезната.

Европа брзо реагираше на соопштението на претседателот Барак Обама дека лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен е мртов.

Во Британија премиерот Дејвид Камерон кажа дека вестите ќе бидат насекаде поздрвени.

„Се разбира, тоа не значи крај на заканата со која се соочуваме од екстремистичкиот терор. Всушност ние ќе треба да бидеме посебно претпазливи во неделите што претстојат. Но, ова, верувам, е голем чекор напред“, изјави Камерон.

Русија, Германија, Италија и Франција исто така го поздравија убивањето на бин Ладен од страна на американските сили. Но многумина, како францускиот Министер за надворешни работи Алеин Џупе, кој исто така понудија нота на претпазливост. Во изјава за француското радио Џупе кажа дека светот мора да биде попретпазлив од секогаш. Тој посочи на бомбашкиот напад на мароканскиот град Маракеш од пред неколку дена кога беа убиени најмалку 14 лица.

Иако бин Ладен беше најспектакуларно поврзан со терористичките напади од 2001 на САД, ал-Каида исто така се обвинува за бомбашкиот напад на железницата во Шпанија во 2004 кога беа убиени 191 лице. Мрежата исто така презеде одговорност за бомбашкиот напад на Лондон во 2005 – та во кој загинаа 52 лица

Маха Азам е аналитичар за Блискиот исток во тинк-тенк организацијата Чатам Хаус:

„Иако на ова се гледа како на победа на САД, многумина овде во Европа го имаат истото чувство. Спектарот на тероризам од ал-Каида постои веќе една деценија овде во Европа и неговото отстранување е важен симбол за намалување на значењето на ал Каида“, вели тој.

Францускиот аналитичар Филипе Мореи Дефаргес верува дека бин Ладен бил човек од минатото, кој не можел да влијае политички во сегашноста. Тој вели дека тоа може да се види во актуелните арапски протести, во кои ал-Каида е во голема мерка маргинализирана.

Од своја страна, меѓународната полиција со седиште во Франција, Интерпол, препорача поголема претпазливост во справувањето со зголемените терористички ризици како резултат на смртта на бин-Ладен.

XS
SM
MD
LG