Линкови за пристапност

На ден пред изборите – Обама и Ромни изедначени


Во клучните држави кандидатите се со подеднаква поддршка заради што до последен момент се борат за неопределените гласачи.

Долгата и тешка претседателска кампања во САД конечно завршува со двајцата кандидати во посета на неколку држави во понеделник, за последен обид да претежнат во анкетите кои индицираат изедначена трка.

Некои од 50-те држави виртуелно изедначени држави се Охајо, Флорида, Висконсин, Вирџинија, Колорадо и Ајова. Малата држава Њу Хемпшир се приклучува на тие каде ниеден од кандидатите не се смета дека има јасно водство пред вторничките избори.
Во понеделник претседателот Барак Обама се враќа во Висконсин, Ајова и Охајо за политички настани, пред да замине во Чикаго, во Илиноис, каде ќе биде ноќта на изборите.

Републиканскиот предизвикувач Мит Ромни во понеделник на агендата има застанувања во Флорида, пред да се врати во Вирџинија, Охајо и Њу Хемпшир. Изборната ноќ ќе ја мине во Бостон, во неговиот дом во Масачусетс.

Двајцата кандидати се појавија пред големи толпи во неделата во различни кампањски настани во клучните држави.

Заедно со трката за претседател, сите 435 места во американскиот Претставнички дом се за избор. Како и 33 од стоте места во Сенатот. Аналитичарите велат дека републиканците најверојатно ќе продолжат да го имаат мнозинството во Претставничкиот дом, додека членови на Демократската партија на претседателот ќе го задржат тесното мнозинство во Сенатот.
XS
SM
MD
LG