Линкови за пристапност

Путин: Односите со САД се поважни од Сноуден


Путин не кажа дали Русија ќе му го одобри барањето за азил на поранешниот соработник на американското разузнавање.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека релациите на Москва со САД се поважни од несогласувањето во врска со пребеганиот аналитичар на американското разузнавање Едвард Сноуден.

Забелешките на Путин во среда дојдоа еден ден откако Сноуден официјално побарал азил во Русија. Поранешниот договорен соработник на Националната агенција за безбедност се наоѓа во транзитната област на московскиот аеродром од 23 јуни.

САД сакаат Русија да го испрати дома за да одговара по обвиненија за шпионажа поврзани со протекувањето на класифицирани информации на американските разузнавачки програми.

Путин не кажа дали Русија ќе му го одобри барањето на Сноуден. Но тој рече дека билатералните односи се „далеку поважни од несогласувања околу работата на безбедносните служби“.

Тој исто така го повтори својот став дека Сноуден може да остане во Русија, но само ако престане да протекува информации кои се на штета на САД.
XS
SM
MD
LG