Линкови за пристапност

Путин поттикнува на зголемена соработка со САД


Рускиот претседател се заложи за поголема соработка со САД во борбата против тероризмот.

Владимир Путин во четврток кажа дека бомбашкиот напад во Бостон покажал оти неговата политика спрема Севернокавкаскиот регион била исправна, а на Западот погрешна со поддршката на милитантите во Чеченија.

Путин кажа дека се надева оти трагедијата „ќе не зближи во запирањето на заедничките закани.“ Тој кажа дека Русија исто така е жртва на „меѓународен тероризам.“

Рускиот лидер коментираше за време на сесија на прашања и одговори телевизиски пренесувана во целата држава.
XS
SM
MD
LG