Линкови за пристапност

Втор ден на протести заради палење на Коранот


Втор ден на протести заради палење на Коранот

Втор ден на протести заради палење на Коранот

Стотици Авганистанци се судрија со полицијата и безбедносните сили втор ден по ред, во протести како реакција на некоректно постапување на НАТО трупите со копии на Коранот.

Стотици Авганистанци се судрија со полицијата и безбедносните сили втор ден по ред, во протести како реакција на некоректно постапување на НАТО трупите со копии на Коранот.

Протестантите фрлале камења на полицијата и извикувале „Смрт на Америка“ за време на демонстрациите во среда надвор од Кабул, додека други демонстрации се одвиваа во друг дел на главниот град.

Најмалку 10 лица биле повредени кога безбедносните сили пукале на протестантите во обид да ја растурат толпата.

Американската амбасада соопшти дека вработените ќе ги држи затворени внатре и суспендирани се сите патувања.

За одвоени протести се известува и од други делови на државата, вклучувајќи го и источниот град Џалалабад, каде толпи наводно го блокирале главниот автопат.

Командантот на меѓународната коалиција, американскиот генерал Џон Ален, во вторник објави извинување и нареди истрага по извештаите за „несоодветно отстранување“ на голем број исламски религиозни текстови, вклучувајќи го и Коранот.

Околностите за наводните активности не се јасни. Непотврдени извештаи сугерираат дека НАТО трупите стационирани во воздухопловната база во околината на Кабул се обиделе да отстранат товар на Корани палејќи ги, но биле запрени од тамошни авганистански вработени.

Авганистански протести против уништувањето муслиманската света книга беа смртоносни последниве години. Во април 2011, околу 20 лица биле убиени за време на неколкудневните протести низ Авганистан откако малку-познатиот американски свештеник Тери Џонс запали Коран во неговата мала црква во Флорида.

XS
SM
MD
LG