Линкови за пристапност

Едвард Сноуден: од незавршен среднист до разузнавачки консултант


Едвард Сноуден, за време на интервјуто за Гардијан.

Едвард Сноуден, за време на интервјуто за Гардијан.

Кој е човекот кој тврди дека е извор на медиумските извештаи дека американската влада собирала телефонски и Интернет-податоци?

29-годишниот Американец, кој тврди дека е изворот на информациите за строго доверливи програми на американското разузнавање, се чини дека нема завршено средно образование, но брзо напредувал низ американските разузнавачки кругови.

Едвард Сноуден детството го минал во сојузните држави Северна Каролина и Мериленд. Во интервјуто за британскиот весник Гардијан, тој вели дека не завршил средно образование, но потоа земал комјутерски часови на Јавниот колеџ на Мериленд , по што зел диплома за Општ обрзовен развој (ГЕД), која потврдува дека има познавања на ниво на завршено средно училиште .

Гардијан цитира претставници на американската армија, според кои Сноуден станал армиски резервист - регрут на специјалните сили во мај 2004-та година, но не ја завршил обуката и по четири месеци бил отпуштен. Сноуден за весникот наведува дека неговата кариера во армијата завршила по несреќа при обуката од која излегол со скршеници на обете нозе.

Според весникот, Сноуден најпрвин започнал да работи како обезбедување во Агенцијата на национална безбедност (НСА), во таен објект на Универзитетот на Мериленд. Талентот на Сноуден за програмирање наводно му помогнал да добие работно место во ЦИА, како безбедносен специјалист за информатичка технологија. Весникот тврди и дека ЦИА под дипломатски параван го испратила во Женева во 2007-ма. ЦИА,пак, по правило не коментира на вакви тврдења.

Сноуден за Гардијан наведува дека ја напуштил ЦИА во 2009-та, по што бил на неколку други работни места како приватен договорен соработник за Агенцијата за национална безбедност, вклучувајќи задачи за комјутерската компанија Дел и објект на американската армија во Јапонија.

Консултанската компанија Буз Ален Хамилтон изјави дека го најмила Сноуден порано годинава во канцеларија на Хаваите. Таму бил три месеци, пред да одлучи да обелодени дека е изворот на извештаите за следење на телефонски и Интернет-податоци.
XS
SM
MD
LG