Линкови за пристапност

Третиот понеделник во февруари обично е ден за одмор, историја и големи попусти во продавниците

Овој ден стана национален празник во 1879-та за одбележување на 22-ри февруари, роденденот на Џорџ Вашингтон, првиот американски претседател.

Еден век подоцна, во 1968-ма, Конгресот усвои закон со кој неколку федерални празници, кои одбележуваа специфични денови, беа поместени во однапред одредени понеделници, со цел да им се даде на работниците одмор од три последователни денови.

Првично, Денот на претседателите се однесуваше само за главниот град, но во 1885-та беше проширен на останатиот дел од државата.

За овој празник, секогаш трет понеделник во февруари, трговците нудат големи попусти.

XS
SM
MD
LG