Линкови за пристапност

Национален празник на САД стана уште од 1879-та година во чест на роденденот на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон.

Милиони жители на САД денеска го прославуваат Денот на претседателите. Национален празник стана уште од 1879-та година во чест на роденденот на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон, на 22-ри февруари.

Речиси еден век подоцна, во 1968-та, Конгресот усвои закон со што прославата на неколку федерални празници од одредени датуми се пренела токму на денот понеделник, со цел вработените да имаат одмор три последователни денови.

Празникот е и прилика за големи попусти во малопродажбата.

Иако денот официјално е познат како роденден на Џорџ Вашингтон, тој прерасна во Денот на претседателите за да се одбележи и роденденот на Абрахам Линколн, 16-от американски претседател на 12-ти февруари. На Денот на претседателите во денешно време се гледа како можност за прослава на родендените на сите претседатели на САД, поранешни и актуелниот. Во тој контекст, Барак Обама викендот го мина во Флорида, празнично, овојпат играјќи голф со второрангираниот играч во светот, Тајгер Вудс.
XS
SM
MD
LG