Линкови за пристапност

Кабинетот на Иванов: Претседателот работи според законите


На прашање на Гласот на Америка за можноста за повлекување на аболицијата, од Кабинетот одговорија дека Иванов „постапува во интерес на граѓаните“

Претседателот Ѓорге Иванов постапува исклучиво во интерес на граѓаните, соопшти неговиот кабинет, по минатонеделниот повик на заменик-помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји, дека одлуката за аболиција го нарушува владеењето на правото и принципот на одговорност.

На прашање на Гласот на Америка дали претседателот размислува за повлекување на аболицијата, од неговиот Кабинет соопштија:

„Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина ќе постапува единствено според Уставот и законите на Република Македонија, и исклучиво во интерес на граѓаните“, кусо соопшти неговиот кабинет.

Оттаму не коментираа за идните постапки на Иванов, во однос на преиспитување на одлуката за помилување.

Хојт Ји, по средбата со политичките лидери во Скопје минатиот понеделник, порача што е можно поскоро да ја поправат штетата од аболицијата.

„Доколку лидерите работата на аболицијата само селективно, тоа само ќе придонесе за загрижувачката ситуација на неказнивост“, меѓу другото рече заменик-помошникот државен секретар на САД, додавајќи дека аболицијата ја нарушува кредибилноста на земјата, која е аспирант за влез во евроатлантските институции.

XS
SM
MD
LG