Линкови за пристапност

Секој седми Американец е сиромашен


Владина студија покажува дека едно на седум лица во САД живеело во сиромаштија во 2011.

Стручњаци од Американското биро за попис сиромаштијата ја дефинираат како приход под 23.021 долари за четиричлено семејство.

Студијата вели дека 46,2 милиони Американци живеат во сиромаштија и дека 15-процентната стапка на сиромаштија е незначително опаѓање од претходната година.

Подобрувањето е резултат на тоа што два милиони луѓе од скратено минале на полно работно време.

Рон Хаскинс од Брукингс Институцијата вели дека упорната сиромаштија се должи на невработеноста, и дека работните места се враќаат со фрустрирачко бавно темпо додека економијата се опоравува од најлошата рецесија со децении.

Извештајот исто така покажува мало подобрување во бројот на луѓето со здравствено осигурување, додека бројот на неосигурани паднал на помалку од 49 милиони.

Дејвид Џонсон од Бирото за попис вели дека приватните здравствени осигурителни компании имаат ист број на муштерии, но владата прави повеќе.
XS
SM
MD
LG