Линкови за пристапност

Бенедикт се збогува, пред да замине во новиот дом


Папата на заминување, Бенедикт, се сретна со кардиналите пред да замине со хеликоптер во папското одморалиште јужно од Рим, каде официјално завршува неговото владеење.

Во обраќање пред кардиналите, пренесувано на ватиканската телевизија, папата вети дека ќе покаже „безусловна длабока почит и покорност“ спрема новиот папа. Ветувањето може да го отстрани стравувањето дека присуството на жив, пензиниран папа во Ватикан, ќе ја намали моќта на следниот избран поглавар на Римокатоличката црква.

Четврток треба да биде мирен ден за папата. По поздравувањето со кардиналите, неговиот хеликоптер ќе го одведе во Кастел Гандолфо, што ќе биде последен поглед од воздух на Ватикан додека се` уште е на власт.

Оставката на папата Бенедикт официјално стапува во сила во осум часот навечер, по локално време. Во тоа време, вратите на Кастел Гандолфо ќе бидат затворени и Швајцарската стража задолжена за папата на власт, ќе биде отпуштена.

Следните денови, римокатоличките кардинали под 80 години возраст ќе се состанат во Систинската капела за конклава, за церемонијален избор на новиот папа.
XS
SM
MD
LG