Линкови за пристапност

Здравјето на 200 милиони луѓе загрозено од загадувањето


Две независни организации објавија листа на десет најзагадени места во светот, од кои некои се лоцирани во Источна Европа.

Десетте најзагадени места во светот се простираат на осум континенти лоцирани во Африка, Азија, Источна Европа и Латинска Америка. Тие се издвоени заради заканата по животот на милиони луѓе со нивно отворено изложување на опасни отрови во животната средина.

Извештајот вели дека овие места влијаат на луѓето преку директно вдишување, внесување на храна или преку допир со кожата. Отровните супстанци вклучуваат олово, кадмиум, хром, нафта, пестициди, феноли, жива, сарин, радионуклеиди и експлозивни органски соединенија.

Висок советник во Институтот Блексмит, Дејвид Ханрахан, за Гласот на Америка кажа дека четири од местата кои биле на првата листа објавена во 2006-та остануваат и оваа година на листата на најзагадени места.

„Го имаме Чернобил, во Украина, што не оди оди никаде, очигледно, потоа две места во Русија, од кои едно е огромна топилница, а другото голем хемиски комплекс. Имаме рудник во Замбија, каде е сторено нешто за подобрување, но за жал тоа е екстемно сиримашно, напуштено место.“

Другите места се во Аргентина, Бангладеш, Гана, две места во Индонезија и нигериската делта на Реката Нигер.

И покрај постоечката опасност што ја претставуваат отровите во животната средин, Ханрахан вели дека на некои места се преземени чекори за чистење.

На пример, вели тој, Доминиканска Република беше една од оригиналните најзагадени десет места во светот заради високото ниво на олово на место за рециклирање. Државата веќе не е на листата, со чистење на местото кое е претворено во игралиште за деца.

Тој вели дека сличен успех е постигнат и на други места, како некои места во Кина, каде загадувањето на воздухот е намалено, потоа во Индија и во источна Русија.

Ханрахан вели дека во минатото, врската меѓу здравјето и животната средина често била занемарувана. Тој вели дека сега властите за јавно здравје во многу држави ја признаваат потребата за постапување по овие проблеми.

„Тоа создава проблеми кои се слични на големите меѓународни здравствени проблеми како туберкулоза и маларија, ХИВ и СИДА. Отровните загадувања во некои држави се од иста димензија, и задоволни сме што тоа се признава.“

Ханрахан вели дека се` повеќе влади гледаат на загадувањето на средината како на проблем што може да се реши. Тој вели дека земјите во развој прават голем напредок во овој домен, подобрувајќи го здравјето на своите државјани, особено меѓу децата кои се во најголем ризик.
XS
SM
MD
LG