Линкови за пристапност

САД предлагаат контрола на загадувањето


САД за прв пат предлагаат да се ограничи емисијата на штетни гасови од електроцентралите, контроверзна регулатива што остро би ја намалило употребата на јаглен за производство на струја во државата што предизвикува загадување.

Шефицата на Агенцијата за заштита на животната средина Лиса Џексон во вторник новата контрола ја нарече „потег на здрав разум“ за значително да се ограничи емисијата на јаглероден диоксид од централите во државата. Тоа е најголемиот извор на загадување поврзан со глобалните климатски промени.

Правилата би барале загадувањето од централите да се ограничи наредните години на околу половина од сегашното. Централите кои работат на јаглен во САД последниве години се намалуваат, но се` уште обезбедуваат околу 40 проценти од струјата произведена во државата.

Новата регулатива нема да ја забрани изградбата на централи што употребуваат јаглен, туку цената на почитувањето на новите стандарди за загадување најверојатно ќе ги натераат компаниите да не ги градат. Електричните компании наместо тоа најверојатно ќе се решаваат на изградба на централи на природен гас или нуклеарна енергија.

Републиканците се против ваква регулатива. Некои критичари го поставуваат прашањето за валидноста на науката зад тврдењето дека емисијата на штетни гасови предизвикува климатски промени.

XS
SM
MD
LG