Линкови за пристапност

Јавното мислење во корист на истополовите бракови и користењето на марихуана


Според ново истражување 48 проценти од гласачите поддржуваат истополови бракови, а 51 процент веруваат дека марихуаната треба да биде легализирана.

Ново истражување на јавно мислење покажува дека во САД има се` поголема поддршка за истополови бракови, што беа легализирани во три сојузни држави на минатомесечните национални избори.

Истражување на Универзитетот Квинипек објавено во среда покажува дека 48 проценти од гласачите поддржуваат истополови бракови, и дека 46 проценти се против. Во нивно истражување од 2008, 55 проценти против и 36 проценти за.

На изборите од 6 ноември, гласачите во Мериленд, Мејн и државата Вашингтон ја поддржаа мерката со која се легализира исполовиот брак.

Истражувањето од средата на Универзитетот Квинипек исто така најде дека 51 процент од Американците веруваат дека марихуаната треба да биде легализирана.

Педесет и девет проценти од мажите го поддржуваат легализирањето, додека 52 проценти од жените биле против.

Во изборите од минатиот месец, гласачите во Колорадо и државата Вашингтон го одобриле рекреативното користење марихуаната. Тие станаа први американски држави тоа да го сторат иако употребата на дрогата е илегална според федералниот зекон.

Во 18 држави и Вашингтон ДЦ воведени се закони за легализирање на марихуаната за медицинска намена.
XS
SM
MD
LG