Линкови за пристапност

Американците незадоволни од работата на Обама


Американците незадоволни од работата на Обама
Американците незадоволни од работата на Обама

Ново истражување на јавно мислење покажа дека мнозинството Американци е незадоволно од тоа како американскиот претседател се справува со економијата и федералниот буџетски дефицит, како и од неговата способност да креира работни места.

Истражување изведено од Вашингтон пост и ЕјБиСи Њуз покажува дека 57 проценти од Американците не го одобруваат начинот на кој претседателот се справува со економијата.

Шеесет проценти од испитаниците не се согласуваат со неговите постапки во врска со федералниот буџетски дефицит.

Нешто над половина од испитаниците покажале неодобрување со способноста на Обама да креира работни места, додека националната невработеност стои на над девет проценти.

Истражувањето е изведено по телефон, меѓу 14 и 17 јули, по случаен избор на околу илјада возрасни.

XS
SM
MD
LG