Линкови за пристапност

Претседателски кандидати и Иран


Претседателски кандидати и Иран
Претседателски кандидати и Иран

Републиканските кандидат кои се борат за претседателска номинација од нивната партија вербално го напаѓаат Иран, среде новите тензии во Персискиот залив.

Иранската армија силно го ескалираше тонот спрема САД, додека економските санкции се чини дека земаат голем данок од економијата на земјата.

Иран неодамна ги заврши морнаричките вежби во близина на Теснецот Ормуз, клучна транспортна рута за нафтата од Персискиот залив.

Техеран се заканува дека ќе го поремети водниот сообраќај низ теснецот доколку западните сили постават санкции на извозот на иранската нафта.

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни ја критикува политиката на администрацијата на Обама спрема Иран:

„Тој не успее да воведе ефикасни санкции. Не успеа да застане со дисидентите во Иран кога излегоа на улица. И не успеа да постави кредибилни планови, воени опции, за спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје“, рече Ромни.

Западните нации го обвинуваат Иран за обид да развие нуклеарно оружје под велот на цивилна нуклеарна програма, обвинение што Техеран го негира.

Републиканскиот претседателски кандидат Рик Санторум:

„И јас би им кажал на Иранците – или отворете ги вашите објекти, почнете да ги разградувате и дозволете инспектори да ги прегледаат, или ние ќе ги деградираме тие објекти преку воздушни напади и тоа ќе го направиме јавно“.

Аналитичарите велат дека и покрај силната републиканска реторика за Иран, нивниот став не е многу различен од американската политика.

Џејмс Линдзи од Советот за односи со странство:

„Има многу удирање на маса и идентификување на заканата. Има малку дискусија за тоа што навистина треба да се стори“.

Не сите републикански кандидати преферираат воена акција против Иран.

Конгресменот и анти-воениот адвокат Рон Пол поттикнува претпазливост:

„Ако имаме претерана реакција и учествуваме во бомбардирање на Иран, бараме многу поголема неволја“.

Аналитичарите велат дека претседателските кандидати често употребуваат прашања од надворешната политика да демонстрираат сила велејќи дека би сакале да ја употребат американската воена моќ за постигнување на цели во странство.

Џенифер Лолес предава политика на Американскиот универзитет:

„Иран е непознат и ние не знаеме колкав енивниот нуклеарен капацитет. Не знаеме што всушност сакаат да направат и што ќе донесе иднината. Тоа дава добра можност републиканските кандидати да изнесуваат хипотетични ставови и да се обидат да ги убедат гласачите.“

Сепак, некои Ирански-Американци велат дека острите забелешки на републиканците можат да нанесат штета:

Џамал Абди е политички директор за Националниот ирански американски совет.

„Таму каде што зборуваме за воени опции – зборуваме всушност за војна“’.

Авди смета дека надежта американската политика за Иран дасе оттргне од строги санкции за да влезе во преговори е тешко веројатна во изборна година.

XS
SM
MD
LG