Линкови за пристапност

Хајндл: Времето истекува


Германскиот специјален пратеник со три барања до партиите- датуми и фер избори, и поддршка на СЈО

Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл со три барања до политичките лидери – да се усогласи датумот за избори, овозможување услови за фер изборен процес, Специјалното јавно обвинителство непречено да работи, како и ставање на земјата на прво место.

„Добра вест е дека има излез од оваа криза, а тоа е договорот од Пржино и правилата и принципите наведени во него го покажуваат патот на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес беше закочен, кризата продолжува да и наштетува на земјата и искрено кажано, времето истекува“, изјави Хајндл по средбите во Скопје.

Хајндл додаде:

„Мојата порака беше потреба од реафирмирање и заживување на договорот од Пржино, како валиден и обврзувачка рамка за реформскиот процес што претстои. Го поздравувам целосното повлекување на аболицијата од страна на претседателот Иванов што овозможува фокусирање на договорот од Пржино и на оние елементи клучни за иднината на земјата. Што сега е неопходно, прво партиите треба да се усогласат на датум за избори и треба да се преземат се што треба за исполнување на условите за фер и слободни избори. Второ, на Специјалното обвинителство мора да му биде овозможено да го исполни својот мандат без какви било опструкции. Трето, партиите мора да се усогласат, без одложувања, на спроведување на итните реформски приоритети и недостатоците наведени во извештајот на Прибе“, рече Хајндл.

Тој нагласи дека сето ова е изводливо, но, неопходно е лидерите да го стават интересот на земјата на прво место.

XS
SM
MD
LG