Линкови за пристапност

Полска предводи голема воена вежба на НАТО


Кремљ денеска официјално ги осуди вежбите, велејќи дека не придонесуваат во атмосферата на доверба и безбедност нa континентот

Полска и преку 20 други земји-членки на НАТО започнаа голема воена вежба како дел од напорите за разубедување на земјите од централна и источна Европа, загрижени за безбедноста во регионот, заради, како што велат, руските акции во Украина.

Кремљ денеска официјално ги осуди вежбите, велејќи дека не придонесуваат во атмосферата на доверба и безбедност на континентот.

Тензиите меѓу Русија и Западот се поголеми споредено со периодот од Студената војна. Иако Русија се противи на проширувањето на НАТО кон поранешните советски републики, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, подвлече дека „Студената војна е минато и имаме намера така и да остане“.

Во 10-дневната воена вежба „Анаконда 16“ предводена од Полска, учествуваат 31.000 војници, придружувани со 3.000 возила, 105 авиони и 12 морнарички бродови.

Американскиот генерал-полковник Марк Милеј, началник на армискиот генералштаб, кажа дека САД имаат единствена цел во операцијата, а тоа е „да покажеме дека стоиме рамо до рамо со полскиот народ, со полската армија и рамо до рамо со НАТО, да обезбедиме дека сите земји-членки на Алијансата ќе останат слободни и независни“.

XS
SM
MD
LG